ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО ДАРУВАЊЕ

Во божјите храмови

Во празничните денови како што е денешниот и храм на најстарата црква Св. Благовештение, потоа Лазаревата сабота и в недела празникот Цветници, кој го означува влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, се мигови кога верниците ја покажуваат својата несебичност, добрина и солидарност. Со донирање на парични средства или материјален прилог, ќе придонесат и сиромашните сограѓани да се зарадуваат во најсветлиот и најрадосниот празник Велигден.

Акцијата се спроведува во божјите храмови Свето Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и во новоизградената црква Св. Петка, каде има поставено посебно означени кутии за собирање на паричниот прилог. Со дарувањето се споделува љубов кон ближните. Добрите дела се вечни, оти предизвикуваат радост кај другите со кои сакаме да го поделиме лебот.

Хуманитарната акција се организира по осмипат во пресрет на најголемите христијански празници. 

Loading