Утревечер
Околу 300 играорци ќе завијат оро на фолклорните смотри на ансамбли и културно уметнички друштва утревечер во големата сала на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се претстават 11 ансамбли и друштва од Западна Македонија. Раскошното музичко наследство ќе го претстават друштва и ансамбли од Брвеница, Вевчани, Охрид, Ресен, Битола, Демир Хисар, Кичево и домаќинот КУД Мирче Ацев.