Промоција доживејаа двете дела на Бојан Бежоски, стихозбирката „Од шепотот на срцето“ и новелата „Низ виорите на судбината“. За првенците на на Бежоски, говореше Живко Карески. Авторот е член на Клубот на литературни творци.
Во стихозбирката се објавени 34 песни посветени на вечната и неисцрпна инспирација љубовта кон блиските и татковината. Во новелата авторот пренесува животен настан, односно животната судбина на неговиот другар.
– Да се пишува значи да се пренесат убави мисли, чувства, емоции – вели 21 годишниот Бежоски, додавајќи дека секојдневно му извираат нови инспирации за создавање на нови литературни дела.