АПЛАУЗИ ЗА „АЈНШТАЈНОВИТЕ СОНИШТА“

Во Сараево

Ubav priem na Ajnstajnovite sonista  na MESS

Воодушевување и бурни аплаузи од публиката доживеаја актерите во од преставата “Ајнштајновите соништа” од Лајтман, во режија на Слободан Унковски,  при настапот на 55 издание на интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево. Одбраната публика изрази восхит од играта и комплетниот сценски настап, затоа што актерите ја доловија и изведоа идејата на режисерот перфектно, пакажувајќи ги повеќето аспекти на времето и неговата релативност преку едно шаренило од разиграни светови.

Претставата беше најавена како дело на големиот македонски режисер Слободан Унковски, кој успеал да пропатува низ времето и во филозофска и во физичка смисла, да им го понуди “патешествието” со високо ниво на естетика на сараевчани.

За силните импресии се погрижија актерите, Марија С. Илијеска, Наталија Теодосиева, Јасмина Мицовска Станкоска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев, Илија Волчески. Малкумина останаа рамнодушни на музичката илустрација на Златко Ориѓански и костимите на Роза Трајческа – Ристовска.

Прилепскиот ансамбал вторпат се претставува на интернационалниот театарски фестивал МЕСС.

Инаку, вечерва на сцената од театарот од 19.30 часот ќе се игра претставата “Љубовни пози на историјата” во режија на Наташа Поплавска.

Loading