ПОВТОРНОТО ВРЕДНОСНО ИЗДИГНУВАЊЕ

Валентина Илијевска, уметница

Covekot e deloven soucesnik vo prirodata -Valentina ILijevska“За вредностите” е тематската изложба од 24 графички листови од уметницата Валентина Илијевска, која вечерва од 19 часот  ќе биде отворена во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Делата се работени во комбинирана техника и линорез, а се од големи формати, па до минијатури, проследени со цртежи и графики.

– Опфатени се неколку техники, меѓусебна комбинација, да се опфати широката палета на ликовните елементи и принципи, преку кои се изразува идејата – објаснува авторката.

Главниот двигател произлегува од човековите интереси, желби, стремежи, идеи…, неговата важна внатрешна димензија, општествена мера со која, на најдобар можен начин, си ги мери достигнувањата.    

– Човекот, како деловен соучесник во природата и како основен нејзин духовен и етички елемент, ги поттикнува креативните настојувања да препознае и да ја издвои вредносната димензија. Човековите вредности се реперна точка за се она што го застапуваме, кон она што сме свртени, со нив го изразуваме она што ни се допаѓа, што всушност мислиме и чувствуваме, препорачувајќи го она што е добро и правилно. Вредностите управувани од Софија (Мудроста) често ни укажува на моќта за расудување и правилно постапување во резонирање на работите – објаснува Илијевска.

Илијевска завршила ФЛУ – Скопје – оддел графика и графички техники со насока – конзервација и реставрација. Моментно е постдипломец на одделот конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Ја реализира одбраната за магистерски труд. Имала повеќе самостојни изложби во земјата и во странство. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата за сликарство.

Loading