МАРКОВИТЕ КУЛИ ВО АКВАРЕЛИТЕ НА МИНОСКИ

Markovite kuli kako akvareli na MinoskiИзложбата на 30 акварели, насловена “Маркови кули” од уметникот Илија Миноски ќе биде отворена вечерва од 20:30 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Делата се создадени во 1996 година и се дел од поголемиот циклус посветен на камените масиви на Марковите кули.

– Со чудно волшебство, смиреност и скромност и со само нему својствен суптилен начин ги создава овие неповторливи дела, колоритни пејзажи, во кои се препознава неговото сликарско мајсторство и уметничката умешност, да се нацрта, обои, прецизира апстракцијата во само еден доловен миг, веќе минат и помалку совршен од оној што допрва  ќе следи – вели Елизабета Дерменкоска за творештвото на акварелистот.

Миноски потекнува од уметничко семејство. Татко му Кирил бил еден од основоположниците на современата уметност во градот. Завршил училиште за применета уметност во Скопје, а во 1978 година дипломирал на Педагошката академија  на одделот за сликарство во класата на Б. Лазески, Д. Кондоски, Д. Тодороски, Д. Пандилов. Работел како дизајнер во Велес, а од 1962 година до пензионирањето, бил наставник по ликовно образование во ОУ “Климент Охридски”. Имал повеќе самостојни изложби низ земјава и надвор. За творештвото и афирмацијата на градот, лани беше добитник на наградата за животно дело “Трети ноември”. 

Loading