ДИМОСКА НАЈВЕШТА ЖЕНА

Od izborot na Vesta zena vo PrilepПрилепчанката Зорица Димоска победи на Републичката манифестација Вешта жена 2014 во ресторанот во манастирскиот комплекс во Лешок. Таа е избрана за најумешна жена меѓу 13 натпреварувачки со беспрекорно сервирани трпези. Откако Димоска победи во градов, ја освои титулата највешта со масата насловена Фурна. Инспирана од традиционалните фурни по кои е препознатлив Прилеп, го импресионира жирито со соленото јадење во форма на вршник и тортата како фурна.

Манифестацијата ја покажува умешноста на македонската жена во подговката на храната и во презентацијата на трпезата, и кога професионално не го работи тоа. 

Loading