МАРШ ПО СЕЛЕЧКА

Околу 500 планинари од градов и од земјава в недела ќе ја прегазат Селечка од Плетвар до Селце во должина од 18 километри. Маршот, што го организира ПД “Картуш”, е традиционална демонстрација на почит за прерано починатиот планинар Петар Андоноски – Музичарот. Љубителите на природата ќе се превезат со автобус до Плетвар, а во манастирот Свети Димитрија ќе ги дочека трпеза со гравче.  

Loading