ПРИЛЕПЧАНКА ЌЕ ЈА БРАНИ МАКЕДОНИЈА

На избор во Хрватска

Sandra Lazeska na boj  za ubavina vo HrvatskaПрилепчанката Сандра Лазеска денеска во Водице, Хрватска ќе учествува на интернационалниот избор “Мис аутоспорт 2014” каде што ќе го претставува својот роден град како Мис Аутомото Јужна Македонија Прилеп. Петтиот избор е традиционален и се одржува во силна конкуренција. Сандра се надева на висок пласман со пропорциите 86-63-90, височина од 180 сантиметри и тежина од 53 килограми.

По враќањето од Хрватска, ја очекува избор за убавина во Азарбејџан, каде што ќе ја претставува Македонија.

Сандра досега се закитила со признанијата Мис Гламур на Светска лига на убавина и мода во Бодрум, како и Мис Туризам Квин во Кина, каде се најде на топ 10 на прелиминарниот избор.

Изгледот го одржува со постојана посета во вежбалница, но и во козметички салони, на разни третмани за убавина. Со манекенство се занимава од 16 годишна возраст, кога станала член на модна агенција од Битола. Студира маркетинг-менаџмент во Битола.

Loading