ДЕБИТИРА ВО ЛИТВАНИЈА

Ирена Велевачкоска

Според делегирањето од УЕФА, првата жена главен меѓународен судија од градов, а втора во државава, Ирена Велевачкоска, од денеска до 21 мај ќе дели правда во Литванија. Станува збор за меѓународен квалификациски турнир за фудбалерки до 17 години. Учествуваат Латвија, Украина, Велс и домаќинот Литванија. Помошник на Велевачкоска е битолчанката Елена Соклевска – Илиевска, а останатите се од Казахстан, Холандија и Литванија.

– Главен судија сум на два меча, а на еден четврт. На првото меѓународно искуство очекувам судење за добри оценки, услови за наредно делегирање – рече Велевачкоска.

Loading