ДЕВЕТ БОРБИ НА ПЛОШТАД

Бокс: Наближува спектакуларен настан за многу народ

Богатата програма на 31 мај

Moment od mec 2012 godina, vo Domot na kulturataНа 31 мај градов ќе биде центар на боксот, а настанот е несекојдневен, на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”. Вечерта под ведро небо, пред многу народ, на рингот излегуваат 18 боксери на девет борби. Седум се аматерски, со Трајче Илиоски, Дамјан Талимче, Илија Миноски, Филип Здравески, Андреа Јанеска, Александра Виданоска, а завршните две професионални. Прво ќе дебитира штипјанецот Севен Дурмишев со Јапонецот Даиске Јамада, а шлагот е на крајот, во категорија над 97 килограми Дарко Чатлески против ривал од Босна.

Организаторите тврдат дека вакво нешто досега немало. Во богатата програма сите детали се важни: атрактивните манекенки за најава на рундите, светлото, спикерот, диџејот со актуелна музика… Околу рингот ќе има ложа за почесни гости и за новинари. Сé е по теркот на современите боксерски приредби низ светот. Останува само боксерите да дадат сé од себе и да ја придобијат публиката.

На јавноста í се достапни и настаните кои претходат. Шест дена порано е отворениот тренинг на Могила. Целта е пошироко запознавање со подготовката на боксерите од загревањето до ударите во вреќа и вежбите со јаже… Притоа актерите ќе ги дадат првите изјави. По ден – два предвидена е прес-конференција, а во петокот се последните изјави. Тогаш се лекарските прегледи и официјалното мерење на тежината пред интернационалниот судија Здравко Милоевиќ од Босна..

Градов има боксерска традиција и слични настани се случуваат речиси секоја година – две, а последниот беше на 10 ноември 2012, кога во Домот на културата Александар Николоски го победи Немања Крстин од Србија.

Чатлески ослабе 17 кила

За успешно враќање на рингот по седум години Дарко Чатлески треба да издржи четири рунди по три минути. Макотрпно се подготвува осум месеци со два тренинга дневно. Да дојде до оптимална тежина, од 115 килограми намали на 98. Има обврска кон публиката и кон себе да го зачува изграденото име и рејтинг.

– Во боксот имаш шанси само ако дадеш макисмум. Прво овој оброк да го земам, после ќе размислувам за поголеми залаци – вели Чатлески.

Loading