“ОРНАМЕНТИТЕ” НА АТАНАСОСКИ ВО СОФИЈА

Уметникот Атанас Атанасоски со самостојна изложба од синоќа се претставува во македонскиот културно информативен центар во Софија, на која се изложени две дела “Орнаментика”, составени до 50 сегменти.

– Делата се изработени од памучен филц со моделирање и создадени се во линеарни форми. Темата е универзална и ја има во секоја култура и цивилизација – вели Атанасоски.

На првото претставување во Софија, бугарските љубители на уметноста ќе проследат интересен концепт, што е плод на долгогодишните истражувања на скулпторот на орнаменталните мотиви кои се вградени во дел од спомениците во Македонија.

Loading