АРХЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ТРЕШТЕНА СТЕНА

Trestena stenaznacaen lokalitet, edinstven od toj tip vo MakedonijaЗаводот и Музеј ги почна годинешните системски археолошки истражувања на локалитетот Трештена стена. Министерството за култура оддели 200 илјади денари. Се очекува доистражување на досегашните сознанија, добиени од претходните ископувања според кои постоеле куќи градени една врз друга.

– Трештена стена била населба во бронзеното време. Со одредени паузи, се истражува од 2001 година. Населбата има шест хоризонти  на живот, односно куќите по пожарите на населбата, биле градени една врз друга. Објектите се ѕидани надземно во праисториска техника, со дрвена граѓа – велат од Музејот.

Досега се пронајдени многу керамика и антропоморфни фигури со претстави на божицата Мајка, орудија од камен, рачни школки, како и доста предмети од  животинско потекло.

Трештена стена е единствен локалитет во Македонија со уникатен начин на врежување на предметите, односно браздесто врежување со шилесто орудие.                    

Loading