Околу илјади Роми ја одржуваат традицијата секоја година да ја споделат радоста на ѓурѓовденскиот излет на ливадата во месноста Дабнички завој. Со сите превозни средства стасаа да ги распалат скарите, да густираат пиво и сокови и ѓурѓовденското славје да го крунисаат со оро и свирка на зурли и тапани. Градоначалникот Марјан Ристески им посака здравје и бериќет, нагласувајќи дека Ромите од памтивек живеат еден до друг со Македонците во амбиент на разбирање и делење на радости и маки. Во атмосфера како на српски панаѓур, низ мирисот на јагнешкото и пилешкото месо, метежот и музиката на ромскиот мелос, Ристески низ нишан на воздушна пушка, го провери острото око, стрелајќи на импровизираното забавно стрелиште. Не знаеме дали ја погоди десетката, најситниот дел од метата и дали од сопственикот доби награда. Ристески за големиот празник, го посети и манастирот св. Ѓеорѓиј кас с. Присад.