ЗЛАТО, ТРИ СРЕБРА И БРОНЗА

Џудо

Џудо клубот Пролетер продолжува со неколку децениската традиција да учествува на турнири во соседните земји. Последното гостување е во Ниш, кај домашниот истоимен клуб. Џудистите на Славе Димитријоски не беа само туристи, туку во секој дуел одеа на победа и заслужено освоија пет медали. Во јуниорска конкуренција, во категоријата до 60 кг., Владимир Стојаноски ги совлада сите ривали и го зеде златото. Во финалето загубија и освоија сребра, пионерите Теодора Димеска, Христијан Ангелески, Гоце Ристески, а трето место, бронза, има јуниорот Александар Атанасоски.

Вториот клуб Сеишин учествуваше на меѓународен стручен џудо семинар за тренери и судии во Кавадарци.

Loading