ДВАПАТИ ПРЕПОЛНЕТ СТАДИОН

Историја

На почетокот од 1978 година во интервал од само 50 дена двапати беше преполнет стадионот “Гоце Делчев”. Прво, на 22 февруари, пријателска одиграа второлигашите Победа и Вардар, со триумф на гостите со 1-4 пред 15 илјади гледачи. Истите лути ривали се сретнаа и во борба за бодови во 6. коло од пролетниот дел на Втората југословенска лига. На 13 април Победа – Вардар беше 0-2 повторно пред 15 илјади гледачи. Победа настапи со Славкоски (К. Николоски) – Мечев, Секулов, Глушески, Л. Петрески, Атанасовски – Г. Манески, Магдески, Глигороски (З. Конески), Г. Момироски, Ѓ. Николовски.

Публиката не беше доволен фактор и Победа по 15 години првпат отпадна од Втората лига.

Loading