ЖИТО ПРИЛЕП МОЖЕШЕ ДА Е КАКО ВАРДАР СЦБТ?

Ракомет

Кога го гледаме женскиот ракометен клуб Вардар СЦБТ како се ближи до европскиот врв, во сеќавање се настаните од пред две ипол години, кога Русинот Сергеј Самсоненко спонзорираше во Жито Прилеп. Името на неговата компанија “Бет сити” беше на дресовите од прилепскиот суперлигаш.

– Добивме одредени финансии, но за поголеми вложувања не беше расположен. Низ разговорите се насети дека е заинтересиран за Скопје – вели Оливер Деркоски, претседател на Жито Прилеп.

Прилеп е со хендикеп на мал град, провинција, но и во такви околности спортот треба да се одржува на ниво. По откажувањето на генералниот спонзор, Жито Прилеп го помина кризниот период и веќе се враќа во нормален тек. Привршува сезоната и опстанокот е обезбеден со триумфот 37-29 над Кожувчанка.

– Клубот ќе функционира. Потенцијални спонзори се локалните фирми – смета Деркоски.

Дуелот Ж. Прилеп – Вардар СЦБТ е на 15 мај.

Loading