ДВЕ СТИХОЗБИРКИ ОД СЕЛЧАНЕЦ

Поетските збирки “Венец од мирта” и “Еден бакнеж” од писателката и поетеса Мирјанка Ристеска – Селчанец ќе бидат претставени во Здружението на пензионери. Промотор е професорката Цеца Видова – Трајческа, претседател на Клубот на литературните творци, а поезија од двете збирки ќе чита поетот Филип Димкоски.

Промоцијата ја организира Здружението на пензионери и е по повод илјада годишнината од постоењето на градот и европскиот ден на победата.

Loading