ТАЛЕНТИ И КРЕАТИВЦИ КОИ НУДАТ ИМАГИНАЦИЈА

15 години танц студио Зодијак

15 godini tanc“Петнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето на таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред сé, со танцот, како универзално средство за разбирање меѓу различните култури”.

Ова го вели Кире Миладиноски, кој го раководи танц студиото Зодијак при ЦК “Марко Цепенков” кое со концерт на стотина танчери го одбележа јубилејот.

Миладиноски пренесува дека преку говорот на телото може да се раскаже приказна без изговорен збор.

– Тоа го докажаа тригодишните деца, кои со ентузијазам, верба и многу искреност се претставија рамо до рамо со постарите членови. Расте со зголемен интензитет интересот за современиот танц и субкултурата воопшто. Тука би ја спомнал и машката популација која до скоро беше на границите од постојното членство. Пријатно сум изненаден што постојат мецени кои сметав дека ги нема. Јавно им се заблагодаривме за поддршката. Интересот е голем за современите танци и хип хопот – вели Миладиноски. 

Loading