ПРЕТСТАВА СО АКТЕРСКА ЕНЕРГИЈА

Дејан Дуковски, автор на текстот “Буре барут”

Nove verzija - novo uzivanje - Dejan Dukovski“Многу сум задоволен како тоа прозвучи мојот текст на прилепската сцена. Одлично помина. Ми се допадна целиот концепт на режисерот Поплавска. Доста интересно, со одлично вклопена игра на актерите, на музиката”.

Ова го изјави Дејан Дуковски, автор на текстот по премиерата на претставата “Буре барут”.

Според него, се гледа дека нашиот театар има свежа актерска екипа, која одлично функционира.

– Задоволен сум од енергијата што ја носи претставата, од играта на актерите. Различно е видувањето од она од пред 20 години, кога првпат се играше текстот на сцената на МНТ. Нештата за кои пишував тогаш и денес не се променети, ама тука се одлично вклопени – додава писателот, кој е еден од најплодните современи македонски драмски автори со кои нашиот театар првпат се сретна.

“Буре барут”  досега е преведен на 18 јазици, поставен е вкупно 35 пати во 23 земји, меѓу кои Србија, Шведска, Холандија, Грција, Германија, САД,  Бугарија, Австрија, Англија, Данска, Финска,  Јапонија… Ова е втора поставка на “Буре барут” во Македонија.

Loading