ВАРОШ – ХРИСТИЈАНСКИ БАСТИОН

stara slikaНаселба Варош, е зародиш на градов, зашто првите писанија датираат од времето на Илирите, а подоцна и поопширно, од Римјаните. Надворешен дел бил фортификацискиот објект, изграден во првиот или вториот век. Потврда се многуте археолошки наоди.

Расцутот на Варош бил во средниот век, кога Македонија била дел од српското царство. Од владетелот Волкашин и син му Марко се изградени доста цркви и манастири, кои постојат и денес. Дури се смета дека имало 77 храмови. Легендата вели дека Крал Марко, да го заштити народот од Варош и Прилеп, станал турски вазал и земал голем арач од населението. Дел од парите ги давал на Османлиите, а со дел градел манастири да си ги исчисти гревовите. Се вели дека парите биле колнети, па голем број духовни светилишта, подигнати од него, не опстојувале долго и биле уништувани од природните непогоди.

Покрај погромите и туѓите влијанија, варошани останале посветени христијани. Ја почитуваат традицијата, а како слава, го имаат Голем Петок, односно, првиот петок по Воскресението Христово кога старо и младо се упатуваат кон манастирот Свети Арханѓел Михаил. Овој е ден на чествување на Богородица – Балаклија или Источен петок. И според црковната, и според народната традиција, се отвораат “богородичните води” со лековита моќ. Таков свет извор се наоѓа во најголемиот варошки манастир,.

Loading