ОБРШАНИ Е НАЈФУДБАЛСКО СЕЛО

Општински

Дефинитивно е јасно дека Обршани е најфудбалското село во рамките на ОФС Прилеп. Покрај Партизан, екипа највисокопласирана во третата лига, вториот тим  од ова место, ФК Обршани е лидер во Општинската А лига и со изгледни шанси да оди ранг погоре. На последниот меч го доби службено 3-0 најголемиот ривал Динамо Мажучиште. Преостануваат четири кола, дома со шестата Кадица и деветтата Тризла, на гости кај осмото Братство и петтото Беровци.           Табела: Обршани 37, Динамо 34, Канатларци 33, Слога и Беровци 31.

Обршанци има и во други екипи, во второлигашот 11 Октомври.

Loading