НЕМА ШЕГА СО МЛЕКАР

Трета

Пролетва Млекар одлично се држи во средината од табелата на третата лига – Југ. Последен успех е подвигот дома со 1-0 над лидерот Вардар. Неготинци ретко губат, за нив беше само четвртиот пораз. Во Мало Коњари го положија оружјето и сега не се сигурни прваци. Млекар, воден од Горан Тодоровски, веќе седум кола не знае за пораз. Следното коло е слободен, па во фокусот е гостувањето на обршански Партизан кај Вардар. Останати: Сирково – Варош, Превалец – Г. Коњари, Младост К. – Кожуф.

Табела: Вардар и Бабуна по 42, Партизан 38, Варош 36, Г. Коњари 35, Млекар 34.

Loading