ПОТРЕБНИ СЕ ГОСТИНСКИ БОДОВИ

Фудбал

Fudbal vo voda - Pobeda - TeteksТешко, претешко, Победа стигнува до победи дома, но важно освојува бодови по планот. Последниот дуел со среќа и со пенал во 90. минута реализиран од Гешоски за 3-2 над Тетекс. Претходеше уште еден искористен пенал на Гешоски, а серијата голови ја почна од слободен удар Карчески.

Играта не е според очекувањата, а резултатите “топло – студени” да држат неизвесност до крајот на првенството, во борбата за второлигашки опстанок. Конечно потребна е победа на гости. Веројатно ќе се случеше над Руфеја во следното коло, но по откажувањето на противникот, мечот нема да се одигра. Паузата е добредојдена за консолидација и поправка на слабостите. Ги има во секоја линија. Наредната сабота е гостување кај третото Шкупи, некогашна Слога и таму треба да се покажат јунаците.

За 11 Октомври сé е кажано по серијата порази во недостиг на мотив. Претходното коло со три гола на Дунимаглоски и еден на Никовиќ со 2-4 го победи Борец во Велес. Претстои интересен меч дома со Миравци. Гостите скоро секое гостување победуваат во Прилеп и редно е да загубат в сабота (16 ч.) на Могила.

Табела: Силекс 55, Тетекс 51, седма Победа 39, 12-ти 11 Октомври 19.

Loading