РОДЕНДЕНСКИ КОНЦЕРТ НА ЗОДИЈАК

Танц студиото Зодијак при ЦК “Марко Цепенков” на 29 април од 20 часот ќе има целовечен концерт во големата сала од Центарот да го одбележи 15-тиот роденден. Стотина танчери од Зодијак, предводено од Кире Миладиноски, ќе се претстават со кореографии од класичниот балет, современиот танц, хип-хопот, како и естрадни танци, ќе се видат и дел од наградуваните кореографии на фестивали во земјава и во странство.

Mанифестацијата, која ќе биде празник за очи, е поддржана од Општината и Министерстото за култура, од неделникот Зенит, повеќе институции и фирми, ќе биде прикажан и краток филм и ќе биде прочитана интернационалната порака за танцот за 2014 година од францускиот кореограф Моурад Мерзоуки.                                               

Loading