НАШИ ЏИПЏИИ ВО СРБИЈА

Nasite ucesnici na dzpijadata vo MladenovacТесна им е Македонија, па петнаесетина наши заљубеници на авантуристички потфати со џипови и мераклии на екстремни возења по калливи терени, по ридишта и шуми, единствени од земјава, учествуваа на оф роуд манифестацијата “Шумадиско рели 2014” во местото Младеновац кај Белград. Два дена џипџиите демонстрираа вешти зафати низ блатото и пустелијата, низ удолници и нагорници по камења и карпи со една Тојота, Нисан и Дајхатсу.

Се вратиле и со признание. Методија Најдоски – Шаолин бил добитник на втора награда на една од двете категории – софт и хард – меѓу 95-те учесници.

Љубезните домаќини го покажале гостопримството, а организацијата била безпрекорна. Нашите запаленици по теренци, облечени во маици со амблемот на Витаминка, како во Младеновац, во мај ќе бидат гости на “Џипијадата” во Лозница во Србија. 

Loading