ЖЕНСКИ ПОШТАР, РАМЕН НА МАШКИ

Postarki posta nosatОд февруари, граѓаните добиваат писма, пратки, пензии и пакети, носени од пет девојки од Македонска пошта. Ленче Јонческа, Мариче Римческа, Елизабета Ристеска, Емилија Ристеска и Емилија Митреска се поштарки, кои, иако немаат униформа, граѓаните веќе се навикнаа на нив. На возраст од 25 до 40 години, не им пречи дождот, снегот и другите временски непогоди, професионално и етички да ја однесат пратката до пишаната адреса. Дневно пешачат по 10-15 километри, делејќи пратки на пет реони.

– Првин, на граѓаните им изгледавме чудно. Не веруваа и нé гледаа со сомнеж. Нé сметаа за инкасатори или извршители. Сега веќе нé препознаваат и им станавме омилена глетка со нарамената торба. Кога ги носиме пензиите, некои пензионери дури оставаат по некој денар бакшиш, мужде, да се почестиме – велат поштарките, кои ја очекуваат жолтата униформа да бидат сосема исти со машките колеги.                                     

Loading