МЕДАЛ ЗА РИКАЛОСКИ

Пинг – понг

На 22. државно првенство за младинци пак успеси на прилепските надежи од ППК Младост 96. Еден од најмладите, пионерот Александар Рикалоски, со сигурна игра, освои бронзен медал. До успехот стигна во двојки, заедно со Венко Стојанов од Радовиш. Во дуелот за трето место со максимални 3-0 совладаа ривали од Куманово, а претходно за “влакно” не влегоа во финалето, по поразот 2-3 од Штип. Поединечно Рикалоски остави одличен впечаток пласирајќи се меѓу осумте најдобри младинци. За пионер тоа е подвиг. На првенството солидна игра прикажа и Христијан Иваноски.

Во првенството од Првата лига, на заостанатиот меч со Ѓ. Петров, Младост 96 загуби со 3-5, со што ја испушти шанса за прво место и пласман во Супер лигата, но сезоната останува како богато искуство за младинците на Младост 96.

Loading