ИМА УШТЕ “БОРИНИ”

Фудбал

Некогаш најзагреаните навивачи ги викале “борини”. Не пропуштале ни натпревар, ни тренинг. Ги има и денес, иако во помал број. Студело – врнело, секогаш се на трибината. Има млади, средна генерација и пензионери.

На последниот меч 11 Октомври – Скопје, немаше логика да дојде пристоен број публика оти се претпоставуваше победникот. Но, некои не можат без фудбал. Такви беа над стотина. Еден пензионер дошол дури два часа порано. Прочитал во весник дека почетокот е во 14 часот, наместо во 16, но не му било здодевно да го чека вистинскиот термин за мечот на Могила.

Loading