ДОБИЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Моделарство: На пленарно заседание на ФАИ

– Јуниорскиот мундијал е во 2016 година

Trudot se isplatese - Zdravko TodoroskiГолем, историски момент за воздухопловните спортови. На Македонија í е доделено организирањето на Светското јуниорско првенство за моделарски спортови во ФАИ во 2016 година. Тоа е заслугата е на Здружението “Фил феникс”, односно претставникот Здравко Тодороски.

– Најтешката обврска во кариерата. Пред делегати од цел свет ја промовирав Македонија, природните убавини, потенцијали, кадровски и инфраструктурни капацитети и можности за организација на манифестации од највисок ранг – вели Тодороски.

Подготовката за кандидатурата беше повеќемесечна, низ меѓународна комуникација и лобирање, со изготвен репрезентативен и пропаганден дел. Триминутното излагање, Тодороски го илустрирал со ефектен видео и печатен материјал, кое предизвикало интерес со прашања од делегатите од сите континенти. Епилог е финалното гласање со осум гласа за Романија и 40 за Македонија.

– Светското јуниорско првенство во воздухопловно моделарство е од големо значење. Македонија првпат е домаќин на светски настан во овој спорт. Ова е признание од ФАИ за организацијата на светските купови во Прилеп – смета Тодороски.

Во Лозана, Македонија и Прилеп првпат имаа номинации за награда и стипендија. За диплома “Алфонсо Пено” беше предложен ветеранот Диме Велкоски, а за јуниорска стипендија Бојан Димески. Двајцата влегоа во најтесниот круг на кандидираните, што е големо признание.

Loading