МЛАДИТЕ СО “ФАНИ МАНИ”

МДС со нова премиера

fani maniМладинското драмско студио “Театар Чин 4 Сцена 5” при ЦК “Марко Цепенков” во среда на 23 април од 20 часот премиерно ќе ја прикаже современата фарса “Фани Мани” од Реј Куни, во режија на Дарко Карбески. Играат Емилија Чавлеска, Дарко Ристески, Теодора Трајческа, Дарко Карбески, Виктор Мирчески, Давид Папазоски, Марио Стојаноски и Гоце Саздано.

Приказната е за момент од животот на фамилијата Трпчевски, проследен со многу комични настани.

– Текстот е слика на моментната ситуација во опшеството, во кое парите играат голема улога. На публиката на комичен начин í се укажува дека “парите го менуваат човекот” – велат од МДС.

Loading