ЧИТАЛНА ВО ФАБРИКА

Knigite iscenzaa od fabrikiteВо годините на социјалистичкото самоуправување во секоја фабрика имало библиотеки и читални. Водството на единствената партија – комунистичката, сметало дека вработените, покрај работата, треба да се релаксираат и духовно да се нахрануваат и надградуваат со белетристика или да го усовршуваат знаењето со стручна литература.

Фотографијата е од 1960 година, сликана во читалната во Тутунскиот комбинат. Монополот не бил единствен со вакви простории. Ги имало скоро во секоја од фабриките, сместени меѓу погоните. Можеби во тие години имало интерес за читање, но со времето, полека исчезнувала оваа наметната навика. Секнало снабдувањето со нова литература и вработените читатели ретко ја посетувале фабричката читална или библиотека.

Пред сосема да исчезнат од социјалистичките претпријатија, бидејќи се сметале за дополнителен трошок, вработените најчесто ги користеле библиотеките за позајмување на лектири за своите деца.  

Loading