ЕКИПА СО ШЕСТМИНА

Трета

И тоа се случува, екипата на Кадино останала со шестмина на теренот. На мечот кај Големо Коњари, при водство на домашните од 7-0, настанал прекин зошто гостите на број биле само шестмина, доволно за одбојка. Дали поради повреди, замор или картони, битно е што Кадино излегува од колосек. Потсетуваме, есеноска дома со 3-2 го совладаа Г. Коњари. В недела дома се чека лидерот Вардар, а интересен е и дуелот Младост К. – Варош.

Табела: Вардар 39, Бабуна 36, Варош 33.

Loading