ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ ДУХОВЕН РЕЦИТАЛ

В понеделник во киното Мис Стон

Предвелигденски духовен концерт в понеделник од 19.30 часот во киното Мис Стон ќе одржи градскиот црковен хор Св. Благовештение. Организатор на традиционалната манифестација е ЦК “Марко Цепенков”. Под диригентската палка на м – р Гоце Секулоски, ќе бидат исполнети православни црковни песнопеења од Бадев, Секулоски, Обиходно…

Градскиот црковен хор постои од 2000 година. Негува македонска духовна традиција, при што, покрај творби од прилепскиот автор Атанас Бадев, обработува црковни композиции кои се дел од музичкото творештво на православните земји. Хорот учествувал на повеќе манифестации и фестивали, презентирајќи ја духовната традиција на градот.

Loading