“ДВЕ” В ПАРК

Галерија на отворено

Eftimovski zadovolen od postavuvanjeto na skulpturataСкулптурата “Две” од авторот Александар Ефтимовски доби место во центарот, со што продолжи проектот “Галерија на отворено”. Таа е, изработена од бел мермер, и е создадена на Интернационалниот скулпторски симпозиум.

Ефтимовски создал скулптурата, висока 1,70 метри, која, претставува две геометриски форми.

– Ја вајав два месеца на 47. издание на колонијата. Таа е дел од моето творештво, почнувајќи од наједноставната геометриска форма, па стигнувајќи до органска форма. Каменот е груб, но кога ќе му дадете облик, добива ново раѓање, дело за допирање и гледање – потенцира уметникот.

Александар Ефтимовски е роден во 1988 година во Скопје. Академското образование го стекнал во Италија. Магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Карара. Добитник на неколку награди, меѓу кои и за талентиран млад уметник.

Општината продолжува со поставување скулптури во  “Галеријата на отворено”.

Loading