“МИС ” НА ПЕС

На Паркот на револуцијата

Ocenka i za kucinja od stranstvoЦАЦИБ и Специјализирана изложба за расата Шарпланинец се одржа на Паркот на Револуцијата. На кинолошката  манифестација во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија, беа изложени кучиња, за кои сопствениците се трудат да ги одржуваат во “кондиција” во текот на целата година. Кучињата добија оценки по дефилето во рингот, според стандардот и по прописите, кои потоа им се внесуваат во книшката. Со “оценката” расте цената на кучето при парењето.

Некои љубители, расните кучиња пред дефилето, ги носат и на ринг дресура, со професионален дресер, со што се навикнуваат и учат како да се однесуваат во ринг во присуство на многу кучиња наоколу, без притоа да се вознемират.

Повеќето од песовите минуваат и низ “фризерски третман” пред да се соочат со останатите натреварувачи на пистата. Надворешноста, покрај дресурата, е битен елемент за освојување на титулата “мис -мистер” меѓу стотиците миленици за кои сопствениците вложуваат ем голема љубов, ем финансиски средства за одгледување. 

Loading