ЅВЕЗДАТА ОД “ТАНЦ СО ЅВЕЗДИТЕ” УЧИ ПРИЛЕПЧАНЧИЊА

Daniel-Kimovski-trenira-nasi-decaПобедникот на шоуто “Танц со Ѕвездите”, Даниел Кимовски, четврта година обучува на танц околу 50 деца од шест до 15 години од Прилеп. Танчерот со 21 година, и многу први места во Македонија и странство, ги плени срцата на безброј млади и стари. Со душа се чекаше танческата трка. Кимовски е стручен консултант за  латино и стандардни танци во танцовиот клуб “Темпо”.

Со популарноста, заслужено добиена на шоуто што ја “тресеше” земјава, кај Даниел се зачленија повеќе деца. Клубот и тој планираат да оформи група за возрасни.

Како студент на Економскиот факултет често е на релација Битола – Прилеп, а часовите по танц ги одржува во салата на ОУ “Кочо Рацин”. 

Loading