ШАНСА ЗА ТРИ “ВРЗАНИ” ПОБЕДИ

Втора

Победа со головите на Гешоски и Карчески тешко, со 2-1 го совлада Врапчиште, но важни се бодовите. Значат голема надеж за спас. Претстои шанса за “врзување” најмалку три победи. Викендов е гостувањето кај Новаци и може да се атакува на нов триумф, а потоа доаѓа Маџари на игралиштето Могила, каде битна е поддршката од навивачите.

Пријатно изненади 11 Октомври со првиот бод на гости, 1-1 со голот на Лазарев кај Борец во Велес. Младите, надежни фудбалери потврдија дека нема да се предаваат до крајот на првенството. Доколку дојде до смена на системот, да останат повеќе тимови во лигата, не се загубени шансите за опстанок. Во пресрет на саботниот меч дома со Зајас, завчера беше одиграна пријателска 1-2 со Победа.

Табела: Силекс 52, Тетекс 45, седма Победа 33, на 13. место 11 Октомври 16.

Loading