НЕМА ФАВОРИТИ

Општинска

Секој секого може да победи во Општинската А лига. Затоа е интересна за гледачите. Претходното коло лидерот Обршани наиде на сопка кај осмиот Прилеп сити. Домашниот аутсајдер победи со 3-0, со головите на Гркоски, Христоски и Степаноски. По исходот, Обршани падна на трето место, а Прилеп сити искачи на седмо. На табелата сега води Канатларци со 32, пред Динамо со 31 бод. В недела играат Тризла – Слога, Чепигово – Боротино, Беровци – Прилеп сити, Обршани – Пролетер, Кадица – Канатларци и Братство – Динамо.

Во Третата лига во средата дербито Г. Коњари – Варош заврши 0-0, а викендов најинтересно е во Обршани, Партизан – Младост К.

Loading