ДЕВОЈКИ ВО БОКСЕРСКИ РИНГ

– Идните медицинарки Александра Виданоска и Андреа Јанеска се вистинска атракција и претендираат да ги вкрстат ракавиците со посилниот пол

Hrabrite devojki vo ringotБлагородната вештина – боксот, повеќе не е табу тема за девојките во Прилеп. Александра Виданоска и Андреа Јанеска (15 г.) ги скршија предрасудите. Тие се првите девојки во Македонија кои се осмелиле да ги навлечат бандажите и ракавиците, па полни со самодоверба да ги усовршат техниките и вештините во овој спорт. Едната  го стекнала меракот по овој спорт следејќи ги роднините, а другата гледајќи  на ТВ атрактивни бокс мечеви.

– Братучед ми е професионален боксер. Ги следев неговите натпревари. Ми беше забавно и интересно. Згора на тоа, да се запишам помогнаа и филмовите со Силвестер Сталоне како Роки. Ü се воодушевувам на боксерката Сесилија Брејхус. По пет години карате и кафеаф појас, си помислив дека е време за нешто поекстремно, па се запишав во боксерскиот клуб АС. Веќе седум месеци сум  со нараквиците и заштитната кацига. Би сакала да бијам бокс бој и со мажи, се разбира, кога ќе ги усовршам техниките во боксот – објаснува Андреа.

DSC 0035Првиот месец бил потежок за Андреа, зашто била единствената девојка во клубот полн со машки. Спаринг партнери í биле помладите членови. Но, вистинска, праведна борба почнала кога во клубот се зачленила и Александра Виданоска.

– На ТВ гледав бокс мечеви и се “навлеков” на нив, оти ми беа интересни. Кога слушнав дека има клуб за бокс, дека можам да влезам во ринг ми светнаа очите и се запишав да ги совладувам тајните на овој благороден спорт. Од шест месеци како аматерски боксер, за еден месец ги совладав основните техники. Знаев како да се врзат бандажерите, да се стави кацигата, да се навлечат ракавиците и да се стави гума во устата. Потоа со леснотија тренерот Ѓорѓи Чатлески ме научи на ударите кроше, директ, аперкат и одбраната и ескивирањето. Го совладав и движењето со нозете, што е многу битно за боксот – кажува 15 годишната Александра.

Si ,,podeluvaat,, aperkati i krosea na trenig  bokserkite na BK AsВежбаат секој работен ден по час и 15 минути секакви вежби, од трчање, гимнастика, скокање на јаже, атлетика…

– Со боксот се формира не само телото, туку и личноста добива поголема самодоверба и способност да влезе во костец не само со физички, туку и со психички проблеми. Иако кај народот постои мислење дека боксот е тепање, воопшто не е така. Не се нарекува благородна вештина за џабе. Треба да се има концентрација, техника, комбинација на движењето, координација на умот со телото и најважно – смирен ум. Немирен дух не може да го контролира телото, и се појавува трема. Девојките го научија тоа и со елан вежбаат – кажува тренерот, Чатлески.

Двете девојки веќе ја балансираат психата и развојот на телото. На средношколките, идните медицински сестри од СОУ “Ѓорче Петров”, соучениците на шега им велат дека ќе се претворат во билдери и ќе ја загубат женственоста. Но, и тие и тренерот објаснуваат дека сосема е спротивно. Телото на жена боксер е идеално, елегантно, а и движењето е грациозно, после толку трчање во рингот. На првенството во Штип, биле најголема атракција кога ги вкрстиле ракавиците, на мечот кој завршил реми.  Девојките апелираат да им се придружат и други млади кои имаат ќеф за бокс, зашто нема повреди и болка, како што се мисли.    

Loading