ВИДЕЛО ЗА “РАСКРСНИЦА” ОД СИМОНА КОСТАДИНОСКА

Вторник в Библиотека

“Раскрсница” е романот од Симона Костадиноска, што ќе биде промовиран во вторник од 19 часот во Библиотеката. Првата творба на ученичката во трета година во СОУ “Ѓорче Петров” е носител на наградата Книжевен постамент на “Дата Песнопој”. Промотори на романот ќе бидат Лидија Ристеска и Емил Димоски.

Во романот се говори за млади кај кои се раѓа љубов, која од искра прераснува во силен нескротлив оган, кој има брз ритам на случки и настани, испреплетени со измешани чувства на заљубеност, изгубеност, радост и тага, но победува љубовта.

Loading