ПЕНЗИОНЕРИ СО ПУШКИ

Nisan vo tretoto doibaПосле женскиот дел на пензионерки кои и со наочари и во поодминати години ја гаѓаат метата со дијаболи од воздушна пуша за рекреација во стрелиштето во Центарот за култура, и машкиот дел од пензионерите не останува покусо од ова задоволство без натпреварувачки амбиции. Неколкупати во неделата, дел од членовите на пензионерската асоцијација ги проверуваат своите гаѓачки способности. Велат дека отсекогаш стрелањето им претставувало предизвик и мерак. Затоа, никогаш, па и во деновите на мирување, не е доцна да се задоволат страстите од младоста. Еден час нишанат, гаѓаат и успеваат од десет метри да го погодат црниот дел од целта. Иако, нормално со годините, рацете им се треперливи, не затајува острото око и низ оптика. Со поголема внимателност и сталоженост успеваат да ја доведат дијаболата и до центарот на метата, до десетка. Не често, како што е и за младите и неискусни потешко, постарите успеваат да го најдат патот на дијаболата до најситниот дел од метата.

Забавата и “острењето на видот” е примарна за пензиското дружење во стрелиштето. Впрочем, постарите можат и да научат некои техники, кога покрај нив тренираат младите стрелци на клубот Прилеп.

Loading