ПРИЛЕПСКА ДОМИНАЦИЈА

Џудо

Државното првенство за пионери и јуниори во Скопје, го промовира ЏК Пролетер во најдобар клуб. Освои 22 медали: 10 златни, седум сребрени и пет бронзени. Први места освоија Јорданчо Ѓорѓиоски, Давор Велкоски, Давид Везенкоски, Теодора Димеска, Ана – Марија Трајческа, Александар Атанасоски, Никола Велески, Владимир Стојаноски, Александра Макеска и Барбара Башеска. И ЏК Сеишин се покажа со 19 медали: пет златни, пет сребрени и девет бронзени. Најдобри во државава се Теодора Тасеска, Стефана Џамбазовска, Бојан Пашоски, Јован Најдоски и Ангела Николоска.

Третиот клуб, ЏК Прилеп зеде девет медали, а највредни, сребрени освоија Маја Јовческа и Константин Шеќероски.

Loading