ДЕЛА ОД РЕСЕНСКАТА КЕРАМИЧКА КОЛОНИЈА

Вечерва  во  галеријата

Grncarsko tvorestvo od cel svetИзложба на дела од керамичари од целиот свет, учесници на Ресенската керамичка колонија ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”.    

Над 238 керамичари – уметници од 24 земји, од 1973 година, создале повеќе од 1000 уметнички дела во глина, од кои  околу 400 се изложени во Галеријата на современа керамика во Ресен.

Колонијата објавила каталози на досегашните изложби во земјава и во странство и две монографии за јубилеите.

Ресенската керамичка колонија е примена под уставното име на нашата држава, во Меѓународната академија за керамика при УНЕСКО, со седиште во Женева, во категоријата на професионални асоцијации.

Loading