ВЕЛО КРОС НА МОГИЛА

Околу 40 велосипедисти од земјава учествуваа на манифестацијата Вело Крос 2014 на Паркот на револуцијата. Низ возбудливата нерамна патека од надолнини, нагорнини, дупки па и кал, коцки и песок, трева и камења низ паркот, велосипедистите уживаа во освојувањето на природната патека, а публиката со аплауз ги поздравуваше умешните возачи на две тркала. Традиционалната трка во природа и овојпат го даде придонесот за популаризација на велосипедот за превозно средство, не само по улиците и велосипедските патеки, туку и низ природните пречки. Трката има карактер и на подигнување на спортската свест кај младите и  заштита на животната средина.

Loading