ОД 0-2 ДО 2-2

Општинска

Честопати поинтересни се ниските рангови. Во А лигата на ОФС, на Могила, Прилеп сити губеше 0-2 од Братство Житоше, но со головите на Гркоски и Д. Николоски од пенал успеа да израмни на 2-2. Останати од 13. коло: Канатларци – Тризла 2-1, Пролетер – Динамо 1-1, Боротино – Кадица 2-2, Слога – Обршани 1-1, Чепигово – Беровци 4-1. Во наредното коло најинтересно е во Мажучиште, каде третиот Динамо го чека лидерот Канатларци.

Табела: Канатларци 29, Обршани 27, Динамо 25.

Loading