ЧЕТИРИ ПОБЕДИ ЗА БРОНЗА

Карате

Од овој спорт пак позитивни вести. Друго не се ни очекува, само нов одличен настап и бронзен медал. Во рацете е на Поликсенија Јованоска (КК Ронин) освоен на Карате 1 – Светски куп Лашко во Словенија. Рецептот на актуелната балканска шампионка е четири победи и еден пораз. Совладани се Словенка и Хрватка по 5-0, Црногорка 4-1 и претставничка на Хонг – Конг со 3-2. Поразот е 4-1 од Србинка. Меѓу 11 каратистки шест се од поранешна Југославија. Втората од КК Ронин, Зорица Спиркоска е седма, со победа над европската првенка од Англија. Кај мажите, Даниел Петкоски од КК Ронин е 11. место, а Тодор Ристески од Спорт 94 во борби е на 9. место.

Следуваат подготовки за Светското во Финска, каде многу се очекува од ката тимот на Јованоска и Спиркоска со Марија Матракоска.

Loading