БОГАТ КАЛЕНДАР

Моделарство

Годинашниот календар на ВФМ е со голем број натпревари од воздухопловното моделарство, а значаен дел се планирани во градов. Довербата доаѓа од успешноста на двата светски купа – Трофеј Прилеп и Македонија. Годинава се овозможени дури три од европскиот Еурочеленџ куп. На овој начин во пораст се учесниците, кои доаѓаат со голема мотивација. На домашен план во слободнолетечки модели е организацијата на четири купа и државното првенство. Два се предвидени во радиоуправувани авиони, хеликоптери и едрилици.

Градов се покажува и низ резултати. Во неделата, во Кавадарци на купот за слободнолетечки модели (едрилици), по седум летови јуниорот, Бојан Димески (АК Прилеп), го освои второто место, зад кавадарчанецот Јосифовски и пред битолчанецот Илиевски, двајцата сениори. Поени недостасуваа за врвот. Димески навести амбиции за висок пласман на наредните, државното првенство и европскиот Феникс куп.

Loading