ТВОРИ РОМАНИ ОД РЕЛАКСАЦИЈА

Весна Шереметкоска, член на Литературниот клуб

“Пишувањето ме опушта и ме релаксира. Кога ги опишувам ликовите, особено негативните, се “истурам” врз хартијата, сакајќи многу живо, пластично да ја пренесам реалноста”.

Ова го изјави сограѓанката Весна Шереметкоска, која ги претстави двата романи, првенчиња “Старецот со кавалот” и “Жртва на љубовта”, од кои едниот е добитник на наградата Книжевен постамент на ИК “Дата Песнопој”.

Шереметкоска практично дебитира на литературната сцена и како член на Литературниот клуб.

Вели дека никогаш не е доцна за создавање на пишан збор.

– Ги охрабрувам сите кои чувствуваат дарба да направат обид и да го истакнат талентот. Пишувам кога ќе ми навиреат чувствата од душата. Забележани се многу стихови, кои сум ги зафрлила некаде. Ќе ја соберам заборавената поезија и ќе ја објавам – додава таа.

Идејата за романите дошла спонтано.

– Изворот е во вистински приказни. Седнав, ги забележав и ги споделив со читателите. “Старецот со кавалот” излезе 2011 година, додека”Жртва на љубовта” е најново дело од пред еден месец – потенцира Весна, нагласувајќи дека пишува трет роман кој наскоро ќе излезе од печат.

Loading