ВИТАМИНКА ОСВОЈУВА ШЕИЦИ

Ниту шеиците од Дубаи не одолеваат на вкусовите на Витаминка. Со првата проба на еден од 400-те производи, тие “паднаа” од воодушевување на деветото издание на GULFOOD – најголемиот светски саем за храна и угостителство во Дубаи. Реномираната компанија со 58 годишна традиција се претстави меѓу 4500 изложувачи, видени од повеќе од 100 илјади посетители.

За дел од производите, после нивната дегустација, веќе се добиени нарачки на на штандот. Тоа укажува дека долгогодишните инвестиции во истражувања и развој, овозможуваат Витаминка да ги пронаоѓа и следи вистинските светски трендови на пазарот на храна. Најголем интерес предизвикаа вкусовите на различните типови на чоколада, кекси, флипс, чоко флипс и “цевитана”, за кои веќе е почнат процесот на испраќање на понуди и добивање повратни одговори. Тимот на Витаминка оствари мноштво контакти и средби со потенцијалните купувачи, истакнувајќи ги конкурентските предности на квалитет, бројност, диверзифицираност, ценовна конкурентност, амбалажа, можност за производство под приватна марка и сл. 

Loading